Српскиот кошаркарски репрезентативец Огњен Кузмиќ од ден на ден е подобар и според последните информации од Србија веќе се разбуди од вештачката кома и комуницира со своето семејство.

Според најавите членот на Црвена Звезда во понеделник ќе го напушти одделението за интезивна нега.

За постетување по собраќајната несреќа, Кузмиќ беше ставен во вештачка кома поради тешките повреди со кои се здоби, како и неможноста да ги издржи болките.

Му беше извршен оперативен зафат на двете вилици кои му беа целосно уништени, а откако помина се во најдобар ред, тој беше разбуден од кома и веќе се чувствува многу подобро.