Кошаркарот на белградска Црвена Звезда денеска се разбуди од кома и неговата здравствена ситуација е подобра.

Според информациите на српските медиуми кошаркарот се чувствувал добро.

Огњен се чувствува добро,позитивно реагира на терапијата која ја прима. Лекарскиот тим на Ургентниот Центар во Белград е задоволен од неговото заздравување и фактот дека неговата здравствена ситуација од ден на ден е подобра.” – се вели во официјалното соопштение на српскиот кошаркарски шампион.

Да потсетиме српскиот репрезентативец во неделата наутро во близина на Бања Лука доживеа тешка сообраќајна несреќа.