Легендарниот француски кошаркар, сега еден од сопствениците на Асвел, Тони Паркер смета дека Евролигата е своевидна европска верзија на НБА лига.

„Често ме прашуваат што за мене претставува Евролига? Секогаш ја сакав европската кошарка и ова е големо натпреварување. Европски НБА.“ – вели Паркер.

Тој порача дека Асвел оваа година сака да учи.

„Немаме специфични цели. Имаме најмал буџет во Евролигата, 3,5 милиони евра за плати. Ова за нас ќе биде година во која учиме и во која ќе видиме како и каде може да напредуваме.“ – одговара кошаркарот.