Американскиот кошаркар Рашон Томас е ново име во белградски Партизан, откако Томас потпиша двегодишен договор.
Томас минатата сезона настапуваше во дресот на Динамо Сасари, каде го освои ФИБА Европа купот, а бележеше во просек по 15.5 поени и 6.4 скокови во ова натпреварување. Исто така, тој го држи и рекордот во Европа купот за најмногу постигнати поени, постигнувајќи во еден натпревар 40 поени и 16 скокови, со индекс 54.
Во Италија, Томас бележеше 12.5 поени и 6.6 скокови во сезоната во која Сасари стигна до финалето.
Новото засилување за тимот на Тринкиери ќе има дебитантски настап во АБА лигата, како и Еврокупот наредната сезона.
Be the first to write a comment.