Иако последните неколку месеци е во константна борба за да избори пласман во Евролигата наредната сезона, белградски Партизан најверојатно ќе ја изгуби таа битка.

Според информациите до кои дојдоа литвански новинари, руски Зенит ќе биде 18-тиот клуб кој ќе биде дел од елитата во сезоната 2019/2020.

Доколку овие информации се точни, покрај Партизан, без покана за настап ќе останат и Уникс и Вилниус.

Конечната одлука ќе биде донесена за пет дена, односно ќе биде објавена на 27-ми јуни.