Екипата на Пелистер лесно го совлада Кожув, и ја продолжи серијата на победи во домашниот шампионат. По четири кола, заедно со екипата на ТФТ се единствените со максимален ефект, но поради подобриот кош-количник, „пелистерци“ се бројот 1.

Битолчани доминантни против Кожув, стигнаа до преубедливи 96:67,прв стрелец на Пелистер беше Младеновски со 17.поени, по еден помалку имаа уште два високи играчи, Кесар (плус 10 скока) и Трајковски (девет скока). Кај гостите од Гевгелија, Николовски даде 22.поени, а екс-играчот на Пелистер, Чез Вилијамс имаше еден поен помалку.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО

ФЕНИКС 2010 – АНГЕЛИ 83:80

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – КУМАНОВО 2009         86:71

ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ        91:65

ТФТ – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА            91:85

НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП – ЕУРО НИКЕЛ 2005  75:53

ПЕЛИСТЕР – КОЖУВ         96:67

ТАБЕЛА: ПЕЛИСТЕР 8, ТФТ 8, ГОСТИВАР 7, МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 7, РАБОТНИЧКИ 7, НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП 6, ФЕНИКС 2010 6, МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА 5, ЕУРО НИКЕЛ 2005 5, КУМАНОВО 2009 5, АНГЕЛИ 4, КОЖУВ 4

ИДНО КОЛО (30.10)

МЗТ СКОПЈЕ УНИБАНКА – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ПЕЛИСТЕР

КУМАНОВО 2009 – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП

РАБОТНИЧКИ – ТФТ

АНГЕЛИ – ГОСТИВАР

КОЖУВ – ФЕНИКС 2010