Кошаркарите на Пелистер  го совладаа Кожув на негов паркет и тоа по продолжението од пет минути со 88-83, стигнаа до седмиот триумф во низа.

Екипата од Битола ја најави победата уште во првата четвртина, ја реализира со 22-9, но потклекнаа во Гевгелија во вториот дел, домаќинот стигна до пресврт, но резултатот по четвртата четвртина гласеше 72-72.

Пелистер со 12-1 серија го декласира Кожув во продолжението за седма победа едно по друго.

Во составот на битолчани најефикасни беа Игор Кесар со 24 поени и Чез Вилијамс со 16, Никола Силаџи со 27 поени се истакна во редовите на  Кожув.