Ниту младите „металци“ немаа решение за мотивираните битолчани. Не сакаа од  Пелистер  ништо да препуштат на случајноста. Уште во раната фаза од мечот во СЦ „Јане Сандански“ стигнаа до комотна разлика, која од минута во минута само ја зголемуваа, и стигнаа, би се рекло, рутинерски, до планираната цел – двата бода против МЗТ Скопје Уни Банка со 95:81.

Предноста која битолчани ја имаа на полувремето (51:41), беше реализирана во првата четвртина, која ја решија во своја корист со (23:14).

Прво полувреме во кое двоецот Малешевиќ-Кесар искомбинира 31. поен кај Пелистер, додека пак Монтгомери беше на еден скок од дабл-дабл. За нецели 19.минути на теренот Американецот во редовите на МЗТ Скопје Уни Банка имаше скоро половина од тимските поени (18) и скокови (9).

На почетокот на второто полувреме, Стајиќ стана третиот „двоцифрен“ играч на Пелистер кој веќе имаше уште поубедливи (63:48).

Кога застана Стајиќ, продолжи Трајковски. Репрезентативното крило набрзина стигна до бројката од 20.поени, а неговата екипа беше уште поблиску до новиот триумф.

На истекот на третиот период лидерот во шампионатот „бегаше“ со недостижни 25.поени – (81:56).

Со скор (11-2), Пелистер останува водечка екипа во првата лига. МЗТ Скопје Уни Банка е на ефект (2-10).