Новата сезона во домашното кошаркарско првенство во машка конкуренција ќе започне на 2 октомври а колото ќе се комплетира следниот ден.

Денеска беше утврден распоредот, системот на натпреварување и натпреварувачките броеви на 12 клубови кои ќе земат учество во нашата најсилна лига.

Согласно со Бергеровиот систем за 12 екипи-учесници во натпреварувањето, во првото првенствено коло од Првата лига-мажи во сезоната 2021/2022, предвидено за 2 односно 3. октомври, ќе играат:

1 коло нова сезона: 

МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички

Еуро Никел 2005 – Гостивар

Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром

Куманово 2009 – Ангели

Феникс 2010 – Нaвико Академија ФМП

Кожув – ТФТ