Плејмејкерот на Панатинајкос, и еден од предводниците на грчката репрезентација Ник Калатес најави повлкеување од националниот дрес.  Искусниот организатор на играта се надева дека ЛОИ во Токио следната година ќе бидат настанот на кој тој ќе се збогува.

„Размислувам за повлекување. Играм веќе 11 години за националниот тим и мислам дека е време да им отстапам простор на помладите генерации“ – изјави Калатес.

Калатес долги години е дел од селекцијата на нашиот јужен сосед, кои не се прославија на Мундобаскетот во Кина, откако не стигнаа ни до четвртфиналето, но сепак обезбедија настап во еден од четирите квалификациски турнири за ОИ.