Документарниот серијал „Последниот Танц“ посветен на последната шампионска година на Чикаго Булс и легендата на светската кошарка Мајкл Џордан останува топ тема во САД но и пошироко.

Откако поранешниот играч на „Булси“  Хорас Грент изјави дека голем дел од приказната прикажана во серијалот е лага, незадовоство од прикажаното почуствувал и легендарниот Скоти Пипен.

Според американскиот спортски писател и аналитичар, Чек Меккмулан, Пипен бил разочаран и тивок и не сакал да ги коментира извадоците и начинот на раскажувањето на приказната за неговиот учинок во играта на Чикаго Булс, како и неговиот однос со Мајкл Џордан од времето кога игра заедно.

Незадоволството се појавило по објаснувањето во документарецот за одлуката Пипен да замине на операција на ногата и да го прескокне стартот од сезоната. Иако генералниот впечаток е дека Џордан и целиот тим кој работел на серијалот во повеќе наврати укажуват на тоа дека без Пипен, Џордан немало да го достигне спортскиот планетарен врв.