Будуќност го суспендираше македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли, откако не се појавил на закажаниот тренинг по репрезетнативната пауза.

Тој настапи за нашата селекција на мечевите со Шпанија и Украина, а потоа требало да се врати во Подгорица и да му се стави на располагање на тренерот Александар Џикиќ, но тоа не го сторил.

„Будуќност ја известува јавноста дека Џејкоб Вајли по настапот за репрезентацијата на Македонија не се појави на тренингот и самоиницијативо ја напушти Подгорица. Агентот на играчот го извести клубот дека причината за ваквиот потег е лична, односно станува збор за семеен проблем. Будуќност го супендираше овој кошаркар и јавноста дополнително ќе биде известена за наредните чекори“– објави Будуќност.