Кошаркарите на ТФТ го претрпеа првиот пораз на последните пет натпревари во сите конкуренции откако во БИБЛ лигата загубија на теренот на Ибар со 96:79.

Лошата игра во втората четвртина во која постигнаа 15 поени а примија 37 ги чинеа играчите на ТФТ втор овосеознски пораз во БИБЛ конкуренцијата.

Тај Харис со 30 поени беше најдобриот во екипата од Тафталиџе, Шелман постигна 14 а Хортон 12 поени.

Во следното коло на 12 декември, ТФТ ќе го пречека Академик.