Кошаркарската репрезентација на Македонија до 18,години со победа над Република Ирска од 74-60 го отвори настапот на Европското првенство Б дивизија кое се одржува во Романија.

Од почетокот на натпреварот до крајот на мечот избраниците на Тони Симиќ го контролираа резултатот, за прва победа од 74-60.

Најефикасен во нашиот табор беше Андреј Јакимовски со уфрлени 23 поени, додека кај Ирците највеќе поени уфрли Санми Фајана со 15 поени.

Во второто коло Македонија се среќава со репрезентацијата на Украина, а мечот е закажан за 15:15 часот.