Најславниот тренер во историјата на Јута Џез, Џери Слоун починал на 79 години, потврдија од неговиот поранешен тим.

Славниот НБА тренер во 2016 година дозна дека боледува од Паркинсонова болест и деменција. Тој Јута ја предводеше до две финалиња во НБА лигата во 1997 и 1998 година, и двете ги загуби од златната генерација на Чигаго Булс.

Во кариерата како тренер оствари 1223 победи а како играч беше дел од два Ол-Стар викенди. Во 2009 година стана дел од „Куќата на Славните“.