Жарко Вараиќ по долго боледување почина на 67 години во Белград, легендарниот кошаркар на Босна кој сеуште држи  рекорд во Евролигата.

Вараиќ е роден во Никшиќ, играше за Сутјеска а најголемиот дел од кариерата беше член на КК Босна од Сараево  во кој дојде со само 18 години. Тој одигра неверојатен  меч во финалето на Евролигата во 1979 година, Вараиќ постигна 47 поени во финалето, рекорд кој сеуште не е надминат. Босна победи  против тимот од Варезе .

Вараиќ со Босна освои три титули шампион на Југославија и два Куп трофеи . Живееше во Сараево до 1992 година, по почетокот на граѓанската војна се пресели во Белград и работеше како функционер во Кошаркарскиот сојуз на Србија.