Кошаркарската репрезентација на Србија ќе добие нов селектор, откако федерацијата и досегашниот предводник ја раскинаа соработката.

Кокошков на клупата на Србија мина две години, откако ја презеде репрезентацијата во 2019-та година, откако легендарниот Александар Ѓорѓевиќ поднесе оставка по Мундијалот.

Кошаркарската селекција на Србија ќе добие нов предводник, откако федерацијата и Игор Кокошков спогодбено го раскинаа договорот за соработка. Искусниот тренер обезбеди учеството на Србија на Европското првенство во 2022 година, но доживеа голем неуспех во квалификациите за Олимписките игри.

„Кошаркарската федерација на Србија на Игор му посакува многу среќа и успех во продолжението на тренерската кариера. Исто така му се заблагодарува за неговата работа и професионалност“.

„Федерацијата во следниот период ќе биде ангажирана во изборот на негов наследник, за што јавноста ќе биде навремено информирана“– се наведува во соопштението на федерацијата.

Сега нема никакви пречки но селектор на Србија да биде легендарниот Светислав Пешиќ, кој е голема желба на челните лица на федерацијата. Легендарниот стратег во минатата ја водеше југословенската репрезентација, со која стана европски и светски шампион во 2001 и 2002 година.