Екипата на Мемфис никако да се ослободи од Ковид-19 и поради нови случаи во тимот одложен е уште еден натпревар на овој тим во НБА лигата.

Дуелот кој требаше да се игра во среда меѓу Мемфис и Чикаго Булс и официјално е одложен.

Ова четврти натпревар оваа сезона на Мемфис кој е одложен поради здравствените протоколи и безбедноста на играчите.