Македонската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија поради случаи со Ковид-19 нема да добие нов термин за натпреварите со Естонија и со Италија предвидени во Талин а дел од евроквалификациите.

Во нашата репрезентација имаше тројца  кошаркари со Ковид-19 а на вчерашните тестирања били потврдени нови случари со коронавирусот.

Ова го потврдија од КФСМ со образложение дека се уште нема конечна одлука за кога се одложени овие два натпревари на Македонија.

„Машката сениорска репрезентација на Македонија се враќа дома, за Скопје, без да одигра ниту еден од двата предвидени натпревари во „балонот“ во Талин. Ракоодството на нашиот национален тим, и официјално од страна на официјалните лица на ФИБА присутни во Талин е известено дека во овој момент, нашата селекција не е подготвена за натпреварување. И согласно со тоа, одложен е и вториот натпревар на Македонија на турнирот во Талин, оној кој утре вечер, од 19.30 часот, требаше да го одиграме против домаќинот на овој собир, Естонија. Како причина, се наведува во соопштението на ФИБА, се наведува зголемениот број на заразени членови на македонската делегација во главниот град на Естонија. И согласно со протоколот за Ковид-19 на ФИБА, во наредниот период ќе биде одлучено кога ќе се одиграат одложените натпревари. Многу е веројатно дека мечевите со Италија и со Естонија ќе бидат презакажани за следниот квалификациски „прозорец“ на ФИБА, во февруари, 2022 година.“ – соопштија од КФСМ.

Во меѓувреме започнати се подготовките за враќање на нашиот национален тим во Талин во Скопје.