Убиството на поранешниот НБА играч, Лоренцен Рајт кој во 2010 година беше брутално ликвидиран во Мемфис, со години привлекуваше големо внимание на јавноста.

Телото на 34-годишниот Лоренцен Рајт беше пронајдено на 28 јули 2010 година, десет дена откако беше пријавен за исчезнат, а помеѓу главните осомничени за убиството беше неговата сопруга Шера Рајт-Робинсон.

Таа била последната која го видела кошаркарот жив, и тоа на 18 јули кога според нејзиното сведочење, кошаркарот со неодредена количина на дрога и пари излегол од домот.

Била покрената голема потрага по НБА кошаркарот и неговото тело е пронајдено на 28 јули.Шера Рајт-Робинсон со години глумеше дека не може да ја преболи смртта на својот сопруг, но истрага покажа дека токму таа била организатор на убиството, а сето тоа го испланирала за да наплати еден милион долари од животното осигурување во случај на смрт на својот сопруг.

Шера е уапсена во 2017 година откако е пронајдено огненото оружје со кое е извршено убиството. Мисионерот во Баптистичката црква чиј член била и Шера, Били Р. Тарнер е главен осомничен дека го извршил убиството. Откако и биле приложени сите докази, Шера Рајт-Робинсон го признала убиството, а судот ја осуди на 30 години затворска казна.