Милт Паласио почина по страшна сообраќајна несреќа во Торонто, објавија медиумите во САД.

Поранешниот кошаркар на Партизан починал непосредно по ударот од возач на автомобил „Хонда Цивик“. Канадскиот конзулат потврдил го потврдил идентитетот на 41 годишниот Паласио.

Милт кариерата ја започна во Ванкуивер вво 1999 година по што играше се повеќе тимови во НБА лигата меѓу кои и Кливленд, Јута и Торонто. Во Партизан пристигна во 2007 година и по една сезона замина во Химки по што следуваше уште една година во Белград.

Кариерата како играч ја заврши во Литвос Ритас во 2013 година.