Поранешниот македонски селектор се врати на клупата на Будуќност и во својот тим сега го сака македонски репрезентативец. Александар Џикиќ е заинтересиран за еден од најдобрите кошаркари на Македонија, натурализираниот Џејкоб Валји.

Исклучително квалитетниот крилен центар е во поодминати преговори, а тој одамна бил желба на Џикиќ, кој пред шест години беше селектор на Македонија. Нашиот репрезентативе мината сезона ја мина во Сарагоса, каде имаше просек од 10,4 поени и 3,7 скокови.

Тој за Македонија настапи на турнирот во Перм во квалификациите и со своите настапи веднаш ги освои симпатиите на целата јавност.