Себастијан Телфер е осуден на три и пол години затвор поради нелегално поседување на оружје. Судот во Бруклин не ја зема во предвид молбата на 34 годишните Телфер кој бараше да остане на слобода со цел да се грижи за неговото семејство.

Телфер во 2017 година беше фатен со четири парчиња оружје во неговиот автомобил но со лиценца за Флорида а не за во Њујорк. Тој можеше да заработи максимална казна затвор од 15 години.

Пред 15 години важеше за еден од најталентираните играчи во НБА лигата но никогаш вистински не се докажа. Играше за осум екипи во најсилната кошаркарска лига на светот меѓу кои се: Портланд, Кливленд и Оклахома.