Најдобриот кошаркар на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин би можел да стане нов член на хрватската кошаркарска репрезентација. Американецот со турскиот гигант се наоѓа на подготовки во Задар и за хрватските медиуми изјави дека може да стане дел од репрезентацијата на коцкастите кои ги очекува квалификации за олимписките игри во Токио.

„Да, дефинитивно би било убаво да се настапи на Олимписките игри. Тоа е сон на секој спортист. Секако дека би сакал да играм за репрезентацијата на САД,но отворен сум за идејата да настапам за Хрватска“, вели Ларкин.

Американецот во минатото беше дел од Нба тимовите на Бруклин Нетс и Бостон Селтикс.