Марјан Србиновски е опериран и се чувствува добро, поранешниот македонски селектор вчера имаше сообраќајна несреќа на патот, Скопје -Гостивар .

Србиновски со своето возило излетал од патот според извештајот на МВР кај клучката Жеровјане, се удрил во бандера за улично осветлување и со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Тетово каде е опериран и се наоѓа во стабилна состојба.