Кошаркарот на Далас, Кристапс Порзингис верува дека Лука Дончиќ и тој на Маверикс ќе му донесат голем напаѓачки потенцијал.

Летонскиот центар и словенскиот бек треба да бидат главни играчи во тимот на Тексас оваа сезона. Порзингис се враќа по 18 месечна пауза и верува дека Далас заедно со нив двајцата ќе биде конкурентен ривал за секој противник.

„Верувам дека можеме да и направиме проблеми на секоја одбрана во лигата. Доколку не бранат со превземање, Лука може да го искористи тоа со „мисмеч“, и да се отворат многу опции во рекетот. Навистина мислам дека ќе бидеме ноќна мора за противниците“-изјави Порзингис кој во јануари дојде од редовите на Њујорк.

Екипата предводена од Рик Карлајл новата сезона ја отвора на гостувањето кај Оклахома, а минатата сезона Далас заврши на 14 позиција на западот со скор од 24 победи и 58 порази.