Еден од најдобрите европски кошаркари кој настапува во НБА лигата, летонецот Кристапс Порзингис, според медиумите од САД летово ќе добие максимален договор.

Имено, Порзингис пред само шест месеци стана нов играч на Далас Маверикс, а токму тој клуб се шпекулира дека летово ќе му понуди петгодишен договор вреден 158 милиони долари. Овој потег на Далас може да се протолкува и како „коцка“, бидејќи Порзингис се покажа како играч кој е доста склон на повреди, но од неговиот тим имаат доверба во исклучителниот талент на летонецот.

Далас и нивниот сопственик Марк Кјубан имаат план тимот да го градат на млади играчи, а токму Порзингис и Лука Дончиќ се очекува да бидат носители кај тимот од Тексас.