Документарниот серијал посветен на златната генерација на Чикаго Булс и неверојатниот Мајкл Џордан во продукција на Нетфликс, „Последниот Танц“ постави нов рекорд по гледаност.

Според Нилсен (компанија задолжена за ТВ рејтинг), документарниот серијал кој беше поделен во десет епизоди го гледале 23,8 милиони луѓе.

„Пресреќни сме од реакциите од навивачите додека ја гледаа серијата. ПОследните пет неделни ноќи ги зближија гледачите, покажаа дека искуството од гледањето спорт е нешто неверојатно и предизвикува емоции.“ – велат од ЕСПН.

„Последниот Танц“ воедно беше и светска тема број еден на Твитер пет недели по ред.