Нигериецот кој настапуваше за Црвена Звезда, Мајкл Оџо почина за време на тренинг, детали стигнуваат од сведоците кои биле на лице место.

Оџо  колабирал во текот на тренинг, итно бил  префрлен во локална болницано лекарите не успеале да го спасат животот на 27-годишниот кошаркар.

„Само се потпре на ѕидот во салата каде тренираше, веднаш под кошот и падна тоа беше потресно “, изјави сведокот на ситуацијата.

Мајкл Оџо во Србија пристигна во 2017 години и настапуваше во ФМП, потоа се пресели во Црвена Звезда каде што играше две сезони.