Најсилното кошаркарско натпреварување на стариот континент, Евролигата, од следната сезона ќе ја прошири листата на клубови кои ќе добијат лиценца за учество. Се очекува тоа да бидат тимовите на Асвел, Виртус Болоња, еден тим од Лондон и претставник од Русија.

Претходно Евролигата ги објави 11 сигурни учесници, а тоа се  Анадолу Ефес, Басконија, Цска Москва, Барсеона, Фенербахче, Олимпијакос, Олимпија Милано, Панатинаикос, Реал Мадрид, Жалгирис и Макаби Тел Авив.

Форматот треба да изгледа 16+2, односно дополнителните два тима да имаат можност да обезбедат пласман во Евролигата преку настапите во Еврокупот.

Ова се лоши вести за екипите од Балканот кои веќе преку АБА лигата не ќе можат да обезбедат место во европската елита.