Наредната сезона ќе биде 18-та по ред во која се одржува Еврокупот, сезоната ќе започне во месец октомври, а ќе учествуваат 24 екипи од 11 земји.

Овогодинешниот Еврокуп ќе го сочинуваат екипи кои се натпреваруваат на највисокото ниво во нивните земји, а новитет е тоа што годинава се враќаат екипи од Грција и Израел. Нашиот јужен сосед се враќа во Еврокупот по три сезони, додека израелските клубови не настапуваа само минатата сезона.

Тимовите кои ќе настапат во Еврокупот се следни:

Будуќност Подгорица

Партизан Белград

Цедевита Љубљана,

Монако

Нантер

Олденбург

Улм

Промитеас Патра

Венеција

Тренто

Ритас Вилниус

Арка Гдинија

Уникаха Малага

Хувентуд Бадалона

Морабанк Андора

Тофаш Бурса

Галатасарај

Уникс Казан

Локомотив Кубан

Зенит

Макаби Ришон

Лимож

Виртус Болоња

Германи Бреша Леонеса

Дарушафака

На списокот се наоѓаат 25 екипи, но една од нив ќе биде избрана за вајлд карта и настап во Евролигата наредната сезона. Според информациите, најблиску до истата се наоѓаат екипите на Партизан Белград и Зенит.