Емоциите што ги обземаа првиот човек на ЦСКА Москва и тренерот на руската екипа, по освојувањето на осмата титула во историјата, втора за грчкиот тренер, беше моментот што го одбележа фајнал-форот во Виторија.

Судбината на Димитрис Итудис во ЦСКА беше неизвесна, сега сме пријатели, оваа екипа покажа карактер во текот на целата сезона, овие играчи и тренерот ме направија повторно горд, не се сеќавам кога последен пат сум плачел особено не од кошаркарски причини, беа зборовите на Андреј Ватутин за eurohoops.net.