Баскет КАМ им го нанесе првиот пораз на „баделки“ во тековната сезона (57:54), но ќе стартува од второто место во плеј-офот. Екипата на Бадел 1862 заврши како првопласирана во регуларниот дел од сезоната во Првата лига-жени.

Нашиот најтрофеен женски колектив во последните години, беше прв во првата фаза, остана на истата позиција и по шестте натпревари од Суперлигата.

Во дуелот кој директно го одредуваше пласманот во Суперлигата, „баделки“ загубија од Баскет КАМ, за прв пат во оваа сезона. Но ја одбранија предноста од десет поени која ја имаа по победата на гостински терен во Каменица.

Гобељиќ реализираше дабл-дабл од 23.поени и 10.скока. Иако стигна до 17.поени, Митрашиновиќ имаше многу низок процент на реализација (19% од поле).

Бадел 1862 имаше доста побалансиран напад во кој Трајчевска даде 18.поени, Стојановска имаше 13, а Димова уште 10.поени.

Иако и двете екипи завршија со идентичен број на бодови, Бадел 1862 го добива број 1, и во плеј-офот за шампионската титула, но и во Купот на Македонија.

Во полуфиналето на плеј-офот, ќе се сретнат:

(1) Бадел 1862 – (4) Крива Паланка

(2) Баскет КАМ – (3) Вардар

СУПЕРЛИГА – ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 6.КОЛО

Струга 2009 – Крива Паланка  38:49

Бадел 1862 – Баскет КАМ          54:57

Работнички – Вардар      60:80

ТАБЕЛА: Бадел 1862 35, Баскет КАМ 35, Вардар 32, Крива Паланка 28, Работнички 28, Струга 2009 26

* Екипите на Баскет КАМ, Бадел 1862, Вардар, Крива Паланка, обезбедија место во полуфиналето плеј-офот

**Поради подобар скор во меѓусебните дуели, Бадел 1862 е пред Баскет КАМ, а Крива Паланка е пред екипата на Работнички