Македонската кошаркарска репрезентација на 23 февруари ги стартува квалицикациите за ЕП во 2021 година, а прв противник ќе ни биде Русија. Избраниците на Тодоров ќе гостуваат кај големиот фаворит, кој ќе биде ослабен со првата ѕвезда Алексеј Швед.

Швед нема да настапи поради една причина, а тоа е што има настапи во Евролигата за својот Химки, а поодамна е познато дека Евролигата не ги почитува прозорците на ФИБА кои се наменети за репрезентативните натрпевари. Швед со  Химки,  на 20 февруари му гостува на Милано, што сигурно значи дека нема да игра за својата селекција.

Покрај Швед, од составот ќе испадне и неговиот клупски соиграч Вјачислав Зајцев како и Дмитриј Хвостов, кој игра за Зенит. Играчите кои играат за ЦСКА засега остануваат на списокот на селекторот Сергеј Базаревич.