Екипата на Работнички му се приклучи на МЗТ Скопје во финалето од Купот на Македонија откако во полуфиналето славеше над Еуро Никел со 85-79.

Работнички  стартуваше подобро и го доби првиот период со 24:20, но кавадарчани потврдија дека имаат сериозни амбиции и на полувреме заминаа со три поени позитива.

Третата четвртина им припадна на гостите од Кавадарци, кои константно водеа и во неколку наврати дојдоа на плус седум поени разлика, но Работнички успеа да се врати и да ја започне последната четвртина со негатива од четири поени разлика.

Изедначеното темпо продолжи и во последната четвртина во која Работнички се насочи кон шутот за три поени, додека Еуро Никел кон играта „два на два“ па ниеден тим не успеа да направи значајна разлика. Победникот беше решен во последната минута кога  Бундовиќ постигна седум поени во низа и го испрати Работнички во финалето.

Бундовиќ со 29 и Мулалиќ со 17 поени беа најефикасни во редовите на Работнички, додека Рикиќ и Петровски постигнаа по 16 поени во тимот на Еуро Никел.