Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродром денеска против Младос од Земин атакува на третата победа во низа во АБА 2 лигата.

По триумфот од 96:55 над Ловќен, избраниците на Ѓорѓи Кочов денеска играат со тимот кој во минатото коло загуби од Златибор во натпревар со висока ефикасност, 101:107.

Дуелот МЗТ Скопје Аеродром е закажан за 16 часот.

Работнички против Широки игра од 12 часот, со амбиција за втора победа на турнирот во Сараево по онаа против Сутјеска од 84:62.