Раководството на кошаркарскиот клуб Работнички го потврди ангажманот на нови тројца странци, со нив ќе оди на резултат во АБА2 и домашното првенството и Купот.

Работнички го потврди бекот Мирко Мулалиќ, Словенецот има 32 год. и висок е 195 см, на центарската позиција го ангажира Филип Бундовиќ од Хрватска, има 27 год. а е висок 202 см, тука е и 25-годишниот Американец, Рајнер Торнтон, тој има 25 год. висок е 199 см.

Торнтон е играч кој ќе ја засили крилната позиција на Работнички, поранешен член на Универзитетот Мемфис и за прв пат ќе игра во Европа.