МЗТ Скопје Аеродром го победи Младост Земун со 92:86 но и покрај ова не обезбеди полуфинале во АБА 2 плејофот.

Поразот од вовениот четвртфинален натпревар од 20 разлика, се покажа како преголем предизвик за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во денешниот реванш од плејофот во АБА 2 лигата.

Тренерот на МЗТ Скопје, Дарко Радуловиќ оцени дека лошо започнатиот натпревар е причина што македонскиот тим не успеа да го елиминира тимот на Младост Земун.