Американскиот кошаркар Рајан Боутрајт од наредната сезона ќе го носи дресот на Цедевита Олимпија објави на својот Твитер профил словенечкиот тим.

Боутрајт во сезоната 2016/2017 година го носеше дресот на Цедевита и тогаш во регионалното натреварување беше трет стрелец според ефикасноста.

Американецот минатата сезона ги бранеше боите на шпанската Уникаха каде во просек бележеше по 6.7 поени, 2.2 асистенции и 2.1 скок по натпревар.