Собранието на АБА лигата одлучи да се обрати до Евролигата во врска со распределбата на местата во ова натпреварување за сезоната 2020/21.

Како што е наведено, обраќањето е со цел да се заштити регионалното натпреварување, позицијата, статусот на АБА во Евролигата и Еврокупот.

Собранието на АБА  се одржа во Бања Лука, повод беше одлуката на Евролигата која информираше дека регионалното натпреварување нема да има загарантирано место од 2020 година во најелитното европско кошаркарско натпреварување.