Расел Вестбрук го напушти  Хјустон рокетс и следната сезона ќе игра во дресот на Вашингтон од каде во обратна насока оди  Џон Вол.

Рокетс воедно во оваа размена на играчи  добија и пик од драфтот во 2023 година во првата сесија.

Расел Вестбрук минатата година дојде во Хјустон, желбата беше со   Џејмс Харден  да ја освојат титулата, но за жал не  успеаа во тоа.

Во текот на минатогодишната сезона, Вестбрук два пати се повреди и беше надвор од теренот.