Реал Мадрид во четвртиот натпревар од серијата против најголемиот ривал Барселона дојде до третата победа, која ја оствари на гостински терен со 68-74, а со тоа и ја освои шампионската титула во шпанската кошаркарска АЦБ Лига.

Резултатот беше во постојана контрола на кралскиот клуб, за кој со 15 поени најдобар стрелец беше Факу Кампацо, 12 постигна Фернандез, додека по 10 поени постигнаа Козер, Рендолф и Таварес. Во редовите на Барселона, не помогнаа 16-те поени на Пангос, кој немаше ниту еден друг расположен соиграч да го поддржи на паркетот.

За МВП на завршницата, прогласен е Кампацо.