Србинот Бојан Радуловиќ и Хрватот Марин Морнар од денеска и официјално не се кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром. И двајцата потпишаа спогодбен раскин на договорите со македонскиот првак.

Нивното заминување е во контекст на неодамна најавените промени во ростерот на тимот во пресрет на решавачкиот дел од сезоната во двете домашни натпреварувања и АБА2-лигата.

Морнар одигра 18 натпревари во регионалното натпреварување со просек од 5,1 поени и 2,7 кока, додека Радуловиќ настапи на 11 средби со просек од 2,5 поени и 2,8 скока. Нивните места во составот веќе ги пополнија турскиот интернационалец Рагип Атар и Американецот Феми Олуџоби.