Шампионот на Македонија во кошарка, МЗТ Скопје и репрезентативецот Марко Симоновски  решија да ја прекинат соработката.

МЗТ Скопје на својот веб сајт информираше дека двете страни денеска со взаемна согласност и на обострано задоволство потпишаа раскин на договорната соработка.

Симоновски од 2016 година беше дел од МЗТ Скопје, имаше свој придонес во последните две шампионски титули на клубот, како и на таа во 2015 година во својата прва сезона во сино-белиот дрес.

„МЗТ Скопје Аеродром му се заблагодарува на сѐ што досега прикажа настапувајќи за нашата екипа и му посакува сѐ најдобро во продолжението од кариерата“  – се вели во дел од соопштението на клубот.