Репрезентативецот на Шпанија, Рики Рубио е прогласен за најкорисен играч на Мундијалот во Кина.

Шпанија ја совои титулата Рубио е МВП и дел од  идеалниот тим на шампионатот во Кина во кој се и Богдан Богдановиќ од Србија, Еван Фурние од Франција, Луис Скола од Аргентина и Марк Гасол од Шпанија.

Селекцијата на Шпанија во финалето ја победи Аргентина со 95-75 и по втор пат ја освои светската круна.