Центарот на Јута Џез  Руди Гобер беше прогласен за дефанзивен играч на годината.
Гобер го победи Бен Симонс во директен дуел и по трет пат во кариерата ја освои наградата за најдобар дефанзивен играч.

Французинот имаше одлична сезона со Јута, што му помогна да ја освои оваа награда.

Тој имаше просечно по 2,7 блокада по натпревар и неговиот тим го имаше четвртиот најдобар одбранбен рејтинг во тимот.

Постигна и 14,3 поени и 13,5 скока во просек по натпревар.