Рускиот селектор  Сергеј Базаревич во последен момент го вметна во составот  Американецот со руски пасош, Џоел Боломбој, кој настапува за московска ЦСКА.

Базаревич во однос на мечот со Италија на списокот на рускиот селектор сепак има двајца нови кошаркари, Владислав Трушкин и Џоел Боломбој кои се меѓу 12. што ќе излезат на паркетот на „Молот“ арената во Перм.

Во составот на Македонија нема измени, Александар Тодоров се надева на поволен исход во Перм, Русија е фаворит, двете селекции загубија во првото коло.

„Атмосферата е добра бидејќи и играчите, како и јас, веруваат во овој процес. Сите добро знаеме дека една загубена битка не значи и загубена војна“- изјави Тодоров во Перм.

Средбата меѓу Русија и Македонија се игра од 16 часот со пренос на Спортклуб 2.