Русија на утрешниот меч со Македонија ќе има едно ново име во составот, слекторот Сергеј Базаревич на располагање го има крилото на Зенит, Владислав Трушкин.

Тој ќе биде и последниот, 16.кошаркар кој ќе биде на располагање на селекторот Базаревич кој ќе го нема вториот планиран играч од редовите на Зенит, Андреј Зубков.

Ова е втор меч за двете селекции во квалфикациите за ЕП 2021година.

Мечот Русија-Македонија се игра во недела, од 16.часот по македонско, односно 20.часот, по локално време, пренос македонската публика ќе може да проследи на Спортклуб 2.