Американскиот кошаркар Донел Купер се најде во центарот на вниманието откако подметна туѓ примерок на урина на допинг контролата и испадна дека е труден.

Купер  има 28 години , минатата сезона играше за Монако, пред шест години беше дел од драфтот во НБА.

Сега Купер е во центарот на вниманието на светската јавност по скандалот со туѓата урина која покажа дека е во „друга состојба“.

Интересно е тоа што Купер требаше да биде дел од репрезентацијата на БИХ  со која беше на подготовки но се  откажа од настап за оваа земја.