Италијанскиот селектор Ромео Сакети го објави поширокиот список на играчи за претстојните натпревари против Македонија и Русија во квалификациите за ЕП.

Во составот нема изненадувања и Сакети се одлучи за истиот ростер со кој веќе оствари две победи против Русија и Естонија

Во составот очекувано ги нема НБА ѕвездите Данило Галинари, Марко Белинели, Николо Мели, но и најзучните имиња од домашниот шампионат, како  Луиџи Датоме.

 

Авуду Абас (1993, 198, крило, Виртус Болоња), Никола Акеле (1995, 203, центар, Тревизо), Давиде Алвити (1996, 200, центар, Трст), Томасо Балдасо (1998, 191, бек, Виртус Рома), Филипо Балди Роси (1991, 207, крилен центар, Реџо Емилија), Паоло Банчеро (2002, 206, центар, О’Деа Хај Скул – САД), Пол Билига (1990, 200, центар, Армани Милано), Џордано Бортолани (2000, 193, бек, Бреша), Леонардо Канди (1997, 190,бек-шутер, Реџо Емилија), Давиде Касарин (2003, 194, бек-шутер, Венеција), Амедео Дела Вале (1994, 196, крило, Будуќност–Црна Гора), Матео Фантинели (1993, 195, бек, Фортитудо Болоња), Рафаел Гаспардо (1993, 207, центар,Бриндиси), Саша Грант (2002, 198, крило, Баерн–Германија), Давиде Морети (1998, 190, бек, Армани Милано), Алесандро Пајола (1999, 194, бек, Виртус Болоња), Андреа Пекиа (1997, 197, бек крило, Канту), Џампаоло Ричи (1991, 202, крило, Виртус Болоња), Микеле Рузиер (1993, 183, бек, Варезе), Марко Спису (1995, 184, бек, Сасари), Амедео Теситори (1994, 208, центар, Виртус Болоња), Стефано Тонут (1993, 194, бек, Венеција), Леонардо Тоте (1997, 211, центар, Фортитудо Болоња), Микеле Витали (1991, 196, бек, Бамберг – Германија)